Еко акција на „Станица П.Е.Т. и „Комуналец“: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Здружението „Станица П.Е.Т.“ и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп организираа еко акција за чистење на излетничките, шумските и зелените површини околу вештачкото езеро во Прилеп.

Во акцијата учествуваа 40 доброволци и еко активисти, кои го собираа отпадот оставен од посетителите по мајските прослави. Според организаторите, биле собрани повеќе од 5 метри кубни отпад, кој потоа бил транспортиран и одложен на депонијата во Алинци, со што значително се придонесе за почиста и поздрава животна средина во тој дел на комплексот.

Од „Комуналец“ и НВО „Станица П.Е.Т.“ апелираат до граѓаните при посетата на ова рекреативно место отпадот да го собираат и да го одложуваат во контејнерите поставени на три локации околу спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“, со порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност на сите граѓани.

Еко акцијата беше реализирана во рамки на иницијативата „Зелен петок“, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение „Станица П.Е.Т“., во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци