„Dance studio New Generation“ од Прилеп стана дел од Меѓународната организација за танц, IDF – International dance organization. Ова е огромен успех и признание за прилепскиот танцов клуб кој е вистински културен амбасадор на градот и кој оваа година, во месец април, одбележува 15 години од своето постоење.

Студиото има досега освоено многу награди: 52 пехари за сите години во различни категори на државни и национални првенства, а 780 медали вкупно за сите години. Dance studio New Generation“ последно постигнаа огромен успех на Светското првенство кое лани се одржа во Будимпешта, каде тие настапија со 30 свои учесници.
„Ние како град Прилеп треба да бидеме горди што сме со најдобрите и со нашиот најнов успех членка на IDF веќе сме подготвени за Светското првенство што ќе се одржи во Полска во месец октомври годинава. IDF е вистински светски бренд и со ова на младите членови им се отвораат големи шанси и перспективи. Се надевам дека нашиот град и државата ќе ни излезат во пресрет и ќе го помогнат нашето учество на овој престижен натпревар дали финансиска или со друг вид на помош која е добродојдена“, вели Оливер Богоески, управител и тренер на „Dance studio New Generation“.