„Flow“ – промоција на книгата од прилепската уметница Александра Ацеска

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, со особена чест и задоволство, ве кани на едно инспиративно и уникатно литературно-уметничко „пловење“ облагородено со доза на филозофска длабочина со прилепската уметница Александра Ацеска.

Изложбата и промоцијата на книга насловено „FLOW“ од Александра Ацеска ќе се случи на  14 август 2025, четврток од 20.00 часот во Ликовната галерија.

„Flow го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни инспирирани од искуството на уметницата во Кина и четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат, во периоди на промени, интроспекции и созревање. Flow ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации, туку текови што ги учиме“, вели Ацеска за својот уметничко-литературен концепт и проект.

Разговорот со Ацеска ќе го води Иван Ивановски, а промотор на книгата „Flow“ ќе биде Филип Димкоски. Модератор – Александар Еленин.

Александра Ацеска (1994) е родена во Прилеп, а живее и работи во Фошан, Кина. Во 2017 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности Скопје, отсек сликарство и графички дизајн, и на ФМУ во 2023 магистрирала сликарство. Имала неколку самостојни изложби, учествувала во голем број групни и е добитник на домашни и меѓународни награди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми