Kомисијата за заразни болести не препорача нови мерки до вторник

 

Kомисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледала актуелната состојба со епидемиолошката ситуација во земјава и заклучила дека нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

Тоа значи дека ќе нема карантин за наредниот викенд. Во сила останува актуелната мерка – полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6ти април.

Комисијата повторно ќе заседава во вторник наредната недела, кога пак ќе ја разгледува епидемиолошката состојба.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира