На 09.07.2022 во 11.40 часот на патот А1 Градско-Прилеп, патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(28) од Штип излетало надвор од патот. По несреќата, сопатничката во возилото К.К. (23) од Скопје била пренесена во Градската болница-Прилеп каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.