Викендов во Прилеп се одржа Momata Rock Trails, спортски настан од натпреварувачко-рекреативен карактер кој се одржува на падините на планина Селечка.
Настанот е во организација на ЗАПС „Единак“, кои поведени од личниот ентузијазам и сопственото убедување дека во Република Македонија постојат одлични, а речиси неискористени услови за практикување на спортови кои ја промовираат заштитата на животната средина, ја анимираат локалната заедница и привлекуваат гости од целата земја и пошироко.
Се организираа две трки, од кои една на 10 километри и една на 20 километри. Toptash Trail 10km е со средно тежок технички профил на патеката која се движи по ниските делови од Селечка Планина, во пределот над манастирот Свети Димитрија, с. Селце, во близина на Прилеп, ридот Топташ, како и низ потесната област околу познатата карпа Момата. Momata Rock Trail 20 е планинска трка со динамичен интензитет, пред сè поради својата должина од 20 километри, и релативно предизвикувачки висински профил со вкупна позитивна надморска висина од 1.100 метри.
На двете трки учествуваа над 150 натпреварувачи, а се постиганаа следниве резултати.
20km/1100d+ Momata Rock Trail
Машка конкуренција
1. Дејан Ангелоски 01:47
2. Миахел Ван Баелен 01:48
3. Марко Ѓуричиќ 01:57
Женска конкуренција
1. Елена Ртоска 02:24
2. Мери Чкрипеска 02:25
3. Магдалена Висоцка02:29
Toptash Trail 10km/600d+
Mашка кункуренција
1. Златко Карчески 50:20
2. Златко Николов 50:40
3. Виктор Вељаноски 54:00
Женска конкуренција
1. Анастасија Ристова 01:04
2. Марија Пеликон 01:05
3. Милена Чкрипеска 01:08