Momata Rock Trails 2021 – трчање и дружба на падините на Селечка

Викендов во Прилеп се одржа Momata Rock Trails, спортски настан од натпреварувачко-рекреативен карактер кој се одржува на падините на планина Селечка.

Настанот е во организација на ЗАПС „Единак“, кои поведени од личниот ентузијазам и сопственото убедување дека во Република Македонија постојат одлични, а речиси неискористени услови за практикување на спортови кои ја промовираат заштитата на животната средина, ја анимираат локалната заедница и привлекуваат гости од целата земја и пошироко.

Се организираа две трки, од кои една на 10 километри и една на 20 километри. Toptash Trail 10km е со средно тежок технички профил на патеката која се движи по ниските делови од Селечка Планина, во пределот над манастирот Свети Димитрија, с. Селце, во близина на Прилеп, ридот Топташ, како и низ потесната област околу познатата карпа Момата. Momata Rock Trail 20 е планинска трка со динамичен интензитет, пред сè поради својата должина од 20 километри, и релативно предизвикувачки висински профил со вкупна позитивна надморска висина од 1.100 метри.

На двете трки учествуваа над 150 натпреварувачи, а се постиганаа следниве резултати.

20km/1100d+ Momata Rock Trail

Машка конкуренција

1. Дејан Ангелоски 01:47

2. Миахел Ван Баелен 01:48

3. Марко Ѓуричиќ 01:57

Женска конкуренција

1. Елена Ртоска 02:24

2. Мери Чкрипеска 02:25

3. Магдалена Висоцка02:29

Toptash Trail 10km/600d+

Mашка кункуренција

1. Златко Карчески 50:20

2. Златко Николов 50:40

3. Виктор Вељаноски 54:00

Женска конкуренција

1. Анастасија Ристова 01:04

2. Марија Пеликон 01:05

3. Милена Чкрипеска 01:08

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира