Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва.

Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути.

Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.

Новата линија ја поздрави и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

„Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Батак.

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска  меѓу двете земји.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми