ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Во Ликовна Галерија во НУЦК “Марко Цепенков”- Прилеп синоќа беше отворена изложбата “поВРЗИНО”од кумановскиот уметник Стефан Анчевски, чии дела како што рече проф.д-р Катерина Деспот, имаат специфична уметничка визија, во кои се употребени различни уметнички средства.
Според проф.д-р Слободан Раичевиќ, уметникот Анчевски “со својата поетика и слики открива дека му е близок графолошкиот пристап, кој се потпира на ликовните искуства на сликарството од 20 век. Неговиот визуелен јазик, како облик на комуникација е едноставен и единствен”.
Стефан Анчевски е визуелен и мултимедијален уметник, дипломиран на ФЛУ Скопје.
Има реализирано 11 самостојни изложби, учествувал во преку 150 групни во земјава и во странство.