SpaceX ја состави најголемата ракета во светот

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Најголемата ракета во историјата на човештвото беше поврзана во фабриката на компанијата „SpaceX“ во Бока Чика, во американската држава Тексас.

Компанијата, која е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, планира да лансира во вселената до крајот на оваа година, по дополнителни тестови, пренесуваат светските агенции.

Двата сегменти на ракетата – горниот „Starship“ и долниот погонски „Super Heavy“ беа споени краток период, а потоа одделени со цел да се извршат дополнителни тестови и испитувања.

„SpaceX“ има уште неколку недели, или месеци на тестирање, пред првиот лет, веројатно до крајот на 2021 година. Извршниот директор Илон Маск го нарече спојувањето на ракетата „сон што стана јаве“.

Маск очекува дека оваа ракета ќе се користи за испраќање луѓе на Месечината и Марс, каде што се надева дека луѓето ќе формираат постојани колонии.

Ракетата е висока дури 120 метри, а за разлика од тоа, сите претходни системи што беа користени за патување во вселената изгледаат како играчки. За споредба, вселенскиот шатл е висок помалку од 60 метри.

Кога оваа монструозност ќе биде лансирана, ќе произведе двојно поголем удар од ракетата што Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин ја прелетаа на историска мисија на Месечината во далечната 1969 година. Нивната ракета имаше моќност од 35 мегавати, додека оваа џиновска ракета ќе имаат удар од над 70 мегањутни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира