Во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа традицоналната модна ревија Trash Fashion. Креациите беа изработени од рециклирачки отпад како картон, најлон кеси, алуминиумски фолии, стари цд-дискови и сл. На модната ревија имаше повеќе групи ученици кои што продефилираа низ просторот во училиштето каде што се одржуваше самиот настан. На настанот присутна беше и директорката на училиштето, Жанета Видевска како и повеќе професори, ученици и останати вработени во училиштето.
Модната ревија беше поддржана од: – Витаминка ДООЕЛ-Прилеп, Слаткарница Дизниленд Трејд, Пица Бар Ла Страда како и од Конфекција Тритекс. На настанот беа доделени и три награди од страна на жири комисијата во состав на: професор Лора Трајкоска-Николоски, професор Ангела Кочоска и професор Сашо Кочоски.
Настанот беше организиран од училиштето како и од професорката по ликовна уметност Марта Макеска-Кузмановиќ и професорките по стручни предмети во текстилната струка, Наташа Мирческа, Здрава Најдоска, Стојне Христоска.
Водител на настанот беше Христијан Ангелески. Повеќе за атмосферата од оваа ревија погледнете од фотографиите во продолжение.