Трета година по ред во месеците август е септември се спроведува „Училишната кошничка“, од страна на Министерството за економија и труд која годинава ги намали цените на училишниот прибор од 10 до 15 проценти. Кошничката започна на 25 август и ќе таре се до 30-ти овој месец. Според заменик министерот за труд ова е поддршка за семејниот буџет од страна на Владата особено во месеците кога има и поголеми трошоци. Како основа за попустите се змеаат цените од 1 јуни.
„Доколку една фамилија има еден ученик по ученик ќе заштеди ако купува само училишен прибор од 500 до 1.000 денари, а ако во тоа е вклучено и купување на ранец, во зависност од неговата големина и вредност тогаш заштедата е до 1.500 денари. Што значи доколку една фамилија има едно дете заштедата би била до 1.500 денари, а доколку има два ученика заштедата би била од 2.000 до 3.000 денари“, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија.
Кошничата е контролирана од страна на Државниот пазарен инспекторат, кои имаат формирано 40 тимови кои треба да посетат 600 пунктови. Засега не биле утврдени неправилности од страна на трговците. Ристески вели дека оваа „училишна кошничка“ била само еден дел од големиот број мерки кои Владата ги преземала за заштита на животниот стандард.
„Со квартален раст на БДП од 4,3% кој е четврт по висина во Европа и исто така ниска инфлација од 2,3% измерена во текот на минатиот месец во однос на јули од претходната година, со пораст на индустриското производство, со многу капитални инвестциии, со 18.000 нови отворени работни места и со едни од најниските цени на горивата и храната во регинот“, додаде Ристески, заменик министер за економија.
Според Ристески со сите овие мерки Македонија засега добро се справувала со светската економска криза.