ВИДЕО- За 3 години изработила над 1.400 филиграни од кои 80% за странство, меѓу нив и најголемите во Македонија



Филиграните се едни рачни изработки, едни врвни уметнички дела кои што навистина би било убаво секој човек да ги посетува. Заради тоа што тие даваат една посебна топлина и посебна убавина во просторот каде што живееме или во просторот каде што работиме. Во нашите домови, во канцелариите, во угостителските објекти и така натаму. Исто така, овие врвни уметнички дела се едни можеби од најубавите подароци кои што вие би ги поклониле на вашите најблиски. Едни од најубавите вакви рачни изработки во Прилеп ги изработува Марина Деаноска во своето Марина Филигран студио, кое што е лоцирано во Старо Дамро во близина на Прилепскиот театар. Во овој момент, Деаноска го изработува можеби, еден од најголемите филиграни до сега изработен кај нас, а тоа е Тајната вечера, со димензија на метро и половина на 70 сантиметри, кој што треба потоа да патува за Германија, од каде што исто така е и порачан.Исто така, за Германија треба да биде испратен и филигранот Свети Никола, кој што, исто така, може да забележите дека е во изработка. За тоа што представуваат овие врвни уметнички дела, како се изработуваат и како тече целиот тој процес ќе ни каже Деаноска, кој што, како што кажав, во овој момент ја изработува Тајната вечера. Навистина, голем филигран, кој што бара голем труд.

Деаноска: Да, ви благодарам на поканата. Јас сум Марина, идам од Прилеп, се занимавам со ова работа три години. Нештото го почнав од хоби, но прерастна во професија, очигледно.

Како започнавте од хоби? Како се роди љубавта за изработка на филиграни? Како го научивте?

Деаноска: Љубавта започна во Охрид, видов еден филигран, пеперутка  60cm x 60cm и ми остави многу голем впечаток, па реков да пробам. Да видам што ќе излезе.
Очигледно сум имала дарба и Господова работа, па стасав до кај што сум.

Како го научивте, овај, да кажеме, занает оваа уметност?

Деаноска: Самоука сум, сама ја научив, патот ми беше многу трнлив, до сега кај што сум стасана, немав помош од никого. За филигранот со стрма нема курс за да го научиме од некого.

Има единствено филигран за накит, кај што може да се изучи. Се борев сама, од интернет, од познаници, пријатели, за репроматериали за набавка, за мотивите, почнав прва филигран, ми беше пеперутка.

Кој беше вашето прво дело дали се сеќавате?

Деаноска: Пеперутка ми беше моето прво дело и не бев воодушевена искрено.

Каде заврши тоа дело?

Деаноска: Дома.

Си го чувате како ваш спомен?

Деаноска: Си го чувам и не го продадов, како спомен ете за мојот почеток.

Три години, колку дела до сега имате изработено?

Деаноска: Во три години имам 1.400 дела изработено.

Навистина импозантна бројка за три години.

Деаноска: Да, скоро сите дела, 80% се надвор од нашава држава, завршени, во 12 земји од светот имам слики испратено. Со ова дело сега што го работам, сум горделива, искрено. Имам многу труд, многу сати работа и ќе краси еден прекрасен дом во Германија.

Колку време е потребно да се изработи Тајната вечера на овие димензии, како што кажавме, метро и половина на 70 сантими, навистина голема.

Деаноска: Моментално во оваа состојба, како што е сликата, имам 32 сати до сега потрошено.

Тоа е иконата Тајната вечера.

Деаноска: Се изработува со срмен конец, ја работам на печатена позадина предходно, спремна. Има уште 12 добри сати до финиш, до завршен производ. Седум фази се во глобала од почеток до крај за изработка на едно дело. Бара многу трпение, особено кога се работи за икона е нешто малку поинаково од другите мотиви што ги работиме. Затоа што сепак некоја внатрешно смирение од Бога дадено, очигледно, значи да е некој друг мотив, некако оди побрзо, позабавно, поинтересно, но ова стварно треба да се насочиш на тоа.

Чувството е поинакво?

Деаноска: Поинаково е чувството, дефинитивно.

Рекоте 7 фази, може ли да ги наброите или тоа останува тајна на мајсторскиот занает?

Деаноска: Не е тајна на мајсторскиот занает. Првата фаза е мотивот, што бара клиентите. Втората фаза е печатење на тој мотив. Третата фаза е подготовка на сликата со репроматериал, со стрма, со лепак, како ќе изгледа една визија си правам во главата. Пред време не знам како ќе го изработувам. Следна фаза од кога ќе се заврши со изработката  е сечење на мотивот, значи лепење на позадина, таа е наредна фаза. Зависи кој што бара. Моментално оваа тајна вечера ќе биде на кадифе, изработена на позадина. И наредна фаза, последна што е фаза, е урамување.

Спомнавте дека ќе биде залепена на кадифе, тука како што можеме да забележиме дека најчесто се стават на некаква црна позадина.

Деаноска: Најчесто се става на хамер, помалите површини, но ова е малце нешто поинакво дело од сите икони. И заради тоа сакам, тоа е моја идеја, да се стави на кадифе, зашто ќе биде многу во природна форма изгледот на иконата.

Гледаме дека тука се изработуваат облеките на светителите, ореолите, дали останува некој дел од иконата кој ќе остане како фотографија?

Деаноска: Нема да остане како фотографија, се се изработува во глобала од конец, циркон, ситни детали, некои светки, во зависност кај треба да биде, но 90% сликата е со конецот, со срмата.

Од каде ја набаувате оваа срма?

Деаноска: Оваа срма ја набавувам од Скопје и дел од Словенија. Нешто по интернет што порачувам, но најмногу во Скопје го има, нема на друго место.

Како што можеме да забележиме, ја лепите срмата на фотографијата?

Деаноска: Да, срмата се лепи конче по конче, така се изработува.

Лепилото е посебно?

Деаноска: Лепилото е посебен лепак, брзо сушив и е на нитро база. Јас сега моментално што го работам. А инако, почнав со неостик лепила, универзално.

1400 дела изработени за 3 години, како што споменавме. Тоа, практично, доаѓа по 1,5 дело секој ден?

Деаноска: Па така некако.

Колку време најчесто  ви треба да се изработи едно стандарно дело?

Деаноска: А4 формат, 20 на 30, едно стандарно во зависност од мотивот, од 2 до 3 работни дена. Зависи кој што бара. Пример мотиви, како што се од посовремена во уметност, пеперотки, пауни, девојки, тоа е нешто побрзо, е сега, иконите има повеќе работа, има повеќе детали, затоа, повеќе, подолг временски период сака да се изработи. И малце специфично што срмата не дозволува да работиш од 4 саати фазла во текот на денот.

Зашто?

Деаноска: Затоа што дава многу одблесок. Прво, тоа е како проблем да го наречам.

Ги заморува очите?

Деаноска: Ги заморува очите, второ, лепакот многу делува, затоа што има јак мирис и има последици последователно.

Какви дела најмногу имате изработено во овие 1400? Дали ни се тоа икони?

Деаноска: Во овие дела имам најмногу изработено, можам да речам 60% икона. Некако ете така, луѓето ме препознаа по мојот начин на работа за иконите. А другите и дела се мешани мотиви. Доста имам брендирани дела направено, лога на фирми, имиња, како на физички лица и други разни мотиви.

Најинтересниот, да речем, филигран кој што ти бил порачан, кој што го сакале да го купат муштериите?

Деаноска: Најинтересно нешто, несекојдневно што не го работам  мене што ми беше малце чудно, портрет ми порачаја, што со конец, тешко се изработува, реално, затоа што ликот ја губи формата од ликот на особата што сака да го направам. Тоа е нешто интересно.  Друго, најчесто што го изработувам од посовремената  уметност се имињата за бебина, најчесто, за новороденчиња. Тоа е нешто така што сум малце препознатлива од другите. Често го работам, како идеален подарок за секое семејство, што останува цел живот.

Да, кога ќе се роди новороденче.  Рековте дека, освен на домашниот пазар, ги пасирате и во странство. Како ве наоѓаат, како ги продавате?

Деаноска: Искрено, на почетокот, реклама немам, некоја којзнае каква. Спонзорства имам две-три на Facebook, сето е од човек на човек, народски кажано.

Значи, убавиот збор, се шири и надалеку.

Деаноска: Да, дефинитивно сите така ми се порачки. И до каде што стасав овде сето е така порачано.

Освен физички лица, дали имаш порачки од страна на некакви организации, здруженија на граѓани, компанији, кои што би сакале да последуваат од овие ваши дела?

Деаноска: Да, бидејќи сум со фирма, изработувам дела и работам и со деловни партнери. Имав можност да работам за Erasmus Plus  невладината организација, каде што имаше 7 земји представници. Тоа беше пред 2 години во Хотел Атлас. Направив 40 филигран слики, пеперутки, кои… Тоа ми беше и почеток на скалата за повисоко да одам. Работам за Општина Прилеп. Направив мал договор. Исто така работам за невладината Green Up. Правев пред месец и пол 10 филиграни за нив, имаа некоја конференција, каде што имаше од 6 земји од светот и тие слики отпатуваа таму и се надевам на уште поголеми саработки во иднина.

Трите дела кои што ги спомнав предходно, Свети Никола, Тајната вечера и Богородица, истотака се наменети за нашинци во Германија.

Деаноска: Да, за нашинци во Германија се, точно и ќе патуваат после 12 април.

Како ги испраќате до странство еве за тие кои што ќе го гледаат ова интервју, а ќе сакаат да порачаат?

Деаноска: Со ствар на договор. Тој што сака да порача, во зависност од трошоците што може да си ги дозволат. Искрено, преку ДХЛ и преку Македонските пошти, зависи за која држава станува збор. За вакви поголеми дела е, пак ќе речам со ствар на договор, затоа што има царини, има трошоци, кај што треба да си ги плати купувачот, тоа не е моја надлежност тука. До сега што имам праќано се сами, значи, си одговара сами за превозот. Да, за пратката, од кај мене излегува готов производ спакован се, а од тука натаму тие си одговараат за тоа. Така до сега било, па од сега со Господ напред.

Кажете ми дали секој уметник кој што се занимава со филигранство има своја посебна техника или техниката е некоја оснва за сите, па потоа секој со својата креација?

Деаноска: Техниката е основа за сите со филигранот, но оваа техника е од умо, едноставно, народски кажано, и тоа е тоа. Значи немам визија некоја пред време, јас што ќе го работам, пример пеперутка, се работи со сребрен конец, чисто, значи, сребро, во една боја, а другите детали сами по себе идат. Во моментот што ќе ми дојди да направам и што би одговарало на сликата, така го терам нештото. Со икониве малце поинаку, затоа што јас ги работам во оригинални бои, како што се иконите, сакам да ги оживам едноставно, оригиналната боја на иконата, тоа го запазувам., не ги работам во една боја на срма и тука пак ќе речам, се издвојувам, можеби, од конкуренцијата и што ги работам 3D, и тоа многу продава искрено, многу поинаков моментот на 3D и обична слика филигран.

За разлика од другите кои што во 2D ги изработуваат?

Деаноска: Да, работам, но поредко. На почетокот почнав со 2D, но си најдов мој начин на изработка за 3D да ги работам и сега, едноставно, тоа е продавано и тоа го бараат.

Тоа е посебен печат кој што ги има делата на Марина?

Деаноска: Да, да. Дефинитивно.

Како што можеме да забележиме, 3 големи дела во моментов изработуваш, си даде рок до 12 април да бидат изработени. Дали имаш некое дело кое што можеби ете ти останува желба, а не тие изработено, а сакаш да го изработиш?

Деаноска: Искрено, немам нешто конкретно, но, целам на се поголеми и поголеми дела. Тоа е она што мислам, дека ќе остави белег за мене

Зборуваме во големина?

Деаноска: Во големина, да. Амо, тоа не е битно. Зависи од поборувачката на клиентите.

Каде можат да те најдат, како можат да те контактираат сите оние кои што сакаат да порачат од кај тебе?

Деаноска: Може да ме контактира на Facebook страната Марина Филигран Студио, исто и на инстаграм, Марина Филигран. и тоа е тоа, оди со порачки. Значи, од денес за утре слики не може да се изработат, дефинитивно.

Немате, значи, готови направени?

Деаноска: На лагер немам готово, во моментот, затоа што имам премногу голема поборувачка и немам ни услов да го сработам нештото, затоа што работам сама, е занает кај што не може некој помош да ти понуди. Единствено за урамување, може, тоа е последната фаза. Така да, оди се со порачки, кои што сакаат 7 до 14 дена пред време, може да се порачаат за да биде на време испорачано делото.

Телефонски број?

Деаноска: Да. Телефонски број може да ме контактира 075 723 549 Исто и на Viber. Може и комотно, во секое време, нека повела.

Како што кажав на почетокот, така и да го завршиме овај разговор, ова се едни вредни уметнички дела, кои што според мое мислење, секој би требало да ги има во својот дом, во својата канцеларија, во просторот, каде ќе поминува поголем дел од  денот, затоа што навистина даваат еден посебен шарм, една посебна топлина и убавина. Еве и за крај, која е вашата порака за оваа уметност со која што вие се занимавате?

Деаноска: Мојата порака е искрено, прво, младите, секое  слободно време што го имат, да се тргнат од  социјалните мрежи, и да се насочат на некое хоби, што ќе му биде исполнено и умствено и физички, ќе растат, и така, и јас го почнав и стварно ми е одмор за душата, не ми е замор. Тоа ми е целта да се насочат на нешто едукативно. На сите, не само на младите и старата, но и на младата популација.

Драги гледачи како што межевте да забележите се наоѓаме во студиото на Марина Филигран кое што е лоцирано во објектот на старо Дамро кај прилепскиот театар и сите оние кои што сакаат да поседуваат од овие врвни уметнички дела може да ја контактираат Марина таа претходно кажа на кои социјални мрежи ги има нејзините профили и нејзиниот телефонски број, така да дојдете тука договорете се и имајте еден од овие филиграни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи