ВИДЕО – На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија, ниту заедничка делегација за Рим на 24 мај

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во однос на Бугарија јас од почетокот на мојот мандат како премиер кажав дека решението со Бугарија е единствено можно доколку тоа решение се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит помеѓу политичарите, институциите и граѓаните на двете држави, рече денеска во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски.

„Се додека нема такво решение кое се базира на тие вредности и коешто е изградено на принципите кои што ги кажав, тогаш нема да има решение. Во моментов како и во предходниот период Министерствата за надворешни работи разменуваат идеи помеѓу себе, како што било и во претходниот период, меѓутоа нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа, прво за меѓусебен договор и второ за споделување со институциите во државата и во Бугарија и во Северна Македонија. Од таа причина тие разговори нормално дека продолжуваат.

На 22-ри нема да има заедничка владина конференција, од причина што агендите тоа не го дозволуваат. А на 24-ти ние ќе имаме наша делегација во Рим, која што ќе биде составена од министри, во која што ќе биде и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и која јас ќе ја предводам и тоа ќе биде македонска делегација“, истакна Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци