Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, е силно посветена на борбата загадувањето на воздухот во Општина Прилеп. За остварување на таа цел, презедовме серија на мерки, помеѓу кои и субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уреди – инвертори и велосипеди, за што издвоивме 6.000.000 денари од општинскиот буџет. Истакна Миле Талевски, Претседател на ОО СДСМ – Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме интегрално.
„Околу 400 граѓани ќе добијат субвенции до 10.000 денари од трошоците за набавен клима уред и исто толкав број на граѓани ќе добијат надомест до 5.000 денари за набавен велосипед.
Јавниот повик е објавен и ќе трае до 3 април 2020 година, до кога граѓаните ќе можат да аплицираат за искористување на оваа мерка. Огромниот интерес за набавка на инвертори и велосипеди, потврдува дека донесената мерка е вистински погодок и во интерес на граѓаните.
Со ова, ги поттикнуваме нашите сограѓани да ја намалат употребата на нееколошки енергенси за загревање, дрва, јаглен и нафта, како и што помалку да ги користат автомобилите.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и претходната власт предводена од Марјан Ристески, цели 12 години го игнорираа загадувањето на животната средина, ние за само 2 и пол години покажавме дека интензивно работиме на обезбедување почист воздух во нашиот Прилеп.
Покажавме дека заштитата на здравјето на граѓаните, е високо поставена на нашата агенда. Тоа е правиот пат, кој граѓаните ќе го потврдат на 12 април“, истакна Талевски.
