ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија

Facebook
Twitter
Email
Print

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

„Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден“, информира АД Електрани на Македонија.

Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци