Во саботата, на 01-ви март 2025 година ја отворивме кампањата преку која што цел овој месец март ќе застапуваме за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница, но и за создавање на родово-одговорни локални заедници. Кампањата ќе опфати повеќе елементи како што е промоција на родовата еднаквост на социјалните медиуми, вклучување во Маршот по повод 8-ми март организиран од страна на Платформата за родова еднаквост каде што Рурална Коалиција е членка, но и споделување на пораки и кратки видео материјали кои што треба да ја подигнат свеста кај локалното население за создавање на родово-одговорни локални заедници.

Под мотото “Женска рурална акција за родово-одговорни локални заедници“ ја одржавме панел дискусијата со која што и го означивме почетокот на кампањата на локацијата Китино Кале во Кичево. Со панелистите говоревме за важноста на родовата еднаквост во локалната заедница во сите сфери на општественото живеење, а имавме можност да ги слушнеме и предизвиците и родовите јазови со кои што се соочуваат жените во локалната заедница и како дел од нив успеваат да ги надминат. Вториот дел на кампањата го посветивме на неформално дружење и вмрежување на локален промотивен настан на отворено каде што низ музика и дружба со младите ги пренесувавме пораките за унапредување на практикувањето на родовата еднаквост во локалната заедница.
Оваа иницијатива Рурална Коалиција ја спроведува во рамките на проектот Еднакви можности за СИТЕ: Градење на родово-одговорни одржливи локални заедници“, а финансиран како дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.