Кливленд обезбеди место во големото НБА финале

Facebook
Twitter
Email
Print
Екипата на Кливленд е првиот тим кој обезбеди место во големото НБА финале
Актуелниот вицепрвак Кливленд славеше триумф на гостувањето во „ТД Гарден“ кај Бостон со 87-79 во решавачкиот седми натпревар од источното финале и со конечни 4-3 во победи обезбеди пласман во големото финале.
Леброн Џејмс одново беше прв играч на мечот завршувајќи го со дабл-дабл учинок. Тој го одигра сите 48 минути, што е вистинска реткост во кошаркарската игра, при што постигна 35 поени, надополнети со 15 скока и 9 асистенции, како  и две блокади.
Со тоа Леброн се избори за своето осмо финале во низа, а вкупно деветто во кариерата (пет со Кливленд и четири со Мајами).
Дали Кливленд четврти пат во низа за шампионскиот трофеј ќе се бори со Голден Стејт останува да се види ноќеска за кога е закажана мајсторката меѓу „Воините“ и „Ракетите“ која ќе се игра во Хјустон со почеток од 3 часот по македонско време.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци