
Шеки Арифи, производителот на најубавите тулумби во Прилеп и пошироко, изработени по оригинален рецепт кој потекнува уште од Османлиска Турција, продолжува со нова хуманитарна акција. По хуманитарната акција организирана за време на големиот христијански празник Божик, сега Шеки Арифи исто така организира ваква акција и за големиот муслимански празник Рамазан бајрам. Сите социјално загрозени граѓани кои не можат да си дозволат да набават благо за трпезата за овој ден може да ја посетата слаткарницата „Авала“ која се наоѓа кај ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп и бесплатно да си подигнат тулумби од таму. Ваква хуманитарна акција ќе биде направена и за Велигден.