Викендов во Куманово се одржаа 2 натпревари во планински велосипедизам, на кои што учество зеде и одлично се претстави и новоформираниот велосипедски клуб Херој од Прилеп.
Во саботата, 12.03.2025 се одржа натпреварот Апхил Студена вода – Куманово, на кој ВК Херој настапи со 3 пријавени учесници, од вкупно 35 натпреварувачи. Станува збор за патека долга 2 километри чија што траса се возеше на мешовит терен, односно асфалт и земја, а според правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. Стефан Маџоски се натпреваруваше во категоријата Кадети и освои одлично 2 место, Дејан Дамески се натпреваруваше во категоријата Мастер и го освои третото место, додека Андреј Маџоски се натпреваруваше во најтешката категорија Елит и се пласираше на 6 место. Апхил трката беше во организација на ВФМ и ВК Инвиктус.

Наредниот ден, 13.04.2025 се одржа ХСО Куманово трката, на кружна патека долга 3.8 километри, со вкупна елевација од 190 метри, на која ВК Херој исто така се натпреваруваше со 3 пријавени учесници. Стефан Маџоски го освои третото место во Кадети, Андреј Маџоски го освои четвртото место во Елит, додека Дејан Дамески се пласираше на петтата позиција во Мастер категоријата. Оваа трка беше во организација на ВФМ и ВК Крос сајклинг.
Од погоре наведеното може да заклучиме дека ВК Херој имаа одлично прво издание на официјалните натпревари и достојно го претставија својот Град Херој, Прилеп.