„Педали и приказни“ – настан кој вклучува музика, возење на велосипеди и проекција на филмови денес во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи. Во тој контекст проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности: проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.

Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности :

17.00 – 19.30 DJ

18.00 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)

19.30 Проекција на ЕКО филмови: „P 3“ – 13 минути и „Home Sweet home“ – 14 минути

Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци