Во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и Солунските атентатори гимназијалците од втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, по предметот историја, под менторство во професорот Кире Николоски, изработија видео проекти со цел да им се оддаде почит на овие големи личности и да се одбележат овие настани од македонската историја.
Утре, на четврти мај згаснаа животите на два големи македонски синови, кои го положија својот живот за слободна Македонска држава. На овој датум во 1903 година, загина Гоце Делчев, а во 1912 година кај Дреновска клисура, убиен беше Пере Тошев.
На крајот на април 1903 година, се случија и солунските атентати, настан кој силно одекна во европската и светската јавност. „Гемиџиите“ имаа за цел да го свртат европското внимание кон Македонија и да се издејствува создавање на Македонска држава.
Погледнете ги видеата :
