Само вчера направена контрола на 390 возила на подрачјето на СВР Битола, утврдени голем број прекршоци

На 18.02.2019 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол, при што биле контролирани 390 возила.

 

„При контролата било констатирано дека 21 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 12 возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи било откриено присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а тројца не користеле сигурносен појас. Девет возачи биле писмено предупредени, а на 50 возачи им биле изготвени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, биле изготвени и 26 прекршочни налози. При контролата откриени се и други 18 видови прекршоци“, велат од СВР Битола.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци