„Спејсекс“ ја лансираше својата втора најмоќна ракета

Американската компанија за истражување на вселената „Спејсекс“ ја лансираше од вселенскиот центар на НАСА, „Кенеди“, во Флорида својата втора најмоќна ракета „фалкон хеви” со сателит за комуникации „Арапсат” за клиент од Саудиска Арабија

 

За првпат успеа да ги врати сите три потисни ракети на земја, објави АП.

 

„Фалкон хеви” е најмоќната ракета што се користи денес, со 27 мотори, по девет од потисна ракета.

 

Осум минути по полетувањето на двете потисни ракети, тие истовремено слетаа во Кејп Канаверал.

 

Третата потисна ракета се спушти по две минути на платформа во океанот, неколку стотици километри од брегот.

 

„Каков неверојатен ден”, извикуваше коментаторот на „Спејсекс“.

 

„Три од трите потисни ракети денес на ‘Фалкон хеви’, што е неверојатно достигнување”, додаде коментаторот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци