Акција на Шумската полиција од Прилеп во тек – одземени возило, шпедитер и нелегални дрва

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Шумската полиција од Прилеп вечерва (16.03.2026) спроведува нова акција на терен против бесправната сеча и нелегалниот транспорт на огревно дрво. На превојот Дервен одземено е патничко моторно возило „Лада“ натоварено со околу 1 м³ дабови огревни дрва. Во непосредна близина на локацијата дополнително се пронајдени уште 1,10 м³ дабови огревни дрва.

Претходно, околу 19:30 часот, на место викано „Пештерица“, одземен е еден шпедитер натоварен со 1,10 м³ дабови огревни дрва. Исто така, вчера (15.03.2026 година), во атарот на с. Беловодица се пронајдени и одземени 2,50 м³ бесправно складирани дабови огревни дрва.

Сите пронајдени дрва и одземени средства се предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, а против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските прописи.

„Апел од Шумската полиција – Прилеп: Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат бесправна сеча, транспорт и складирање на огревно дрво. Воедно апелираме да не се купуваат огревни дрва без соодветна испратница и без жиг, бидејќи таквото дрво се смета за нелегално и подлежи на одземање, а следуваат и соодветни законски санкции. Контролите на терен продолжуваат со засилено темпо, а акцијата на Шумската полиција од Прилеп е во тек“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира