Алфа 1 – старото култно место во ново руво, со нови вкусови


Еден од најстарите приватни бизниси во Прилеп, слаткарницата Алфа 1, на добро познатата локација, наспроти Центарот за култура „Марко Цепенков“, е отворена во далечната 1985 година.

Ова е местото каде со децении ги јадиме највкусните бомбици и бајадери во Прилеп, преубавите торти и ја пиеме најдобрата лимонада и боза. Токму оваа слаткарница беше култно место за излегување. Тука се случуваа најдобрите дружби, забави, се раѓаа многу пријателства, а тука започнаа и голем број тинејџерски љубови.

 

 

Деновиве овој објект доби нов, современ и урбан лик. Алфа 1 повторно станува најдоброто место за вашето кафе со пријателите, семејни дружби, собирања и родендени.

За сите организирани родендени имате 10% попуст на целата сметка, а за своите ценети клиенти Алфа 1 има подготвено дневни пакети.

Тука може да ги порачате најубавите торти и слатки за сите ваши семејни прослави.

 

 

 

Алфа 1 – синоним за квалитет, беспрекорна услуга и задоволни муштерии.

Може да ги контактирате на следните телефони:

048-419-060

077-766-510

Локација кај „Марко Цепенков“

048-415-355

078-982-445

Локација во Стара Чаршија

Или да ја погледнете широката лепеза на нивните производи на следниот линк: https://www.facebook.com/alfa1prilep.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира