Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, преку соопштение испратено до Претседателот на Собранието Талат Џафери, известува дека ќе учествува во јавна пропаганда на претстојниот референдум, односно и без да го слушне официјалниот став на својата партија тој ќе бојкотира.
„Јас, Антонио Милошоски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во координација со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ве известувам дека ќе земам учество во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став бидејќи сум против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција за секој граѓанин“ – се вели меѓудругото во соопштението на Милошоски испратено до Џафери.
Пратеникот побара да му бидат обезбедени средства за намената.
За јавна кампања, без оглед каков став застапуваат, пратениците добија 80 милиони денари од власта.