„Астра Зенека“ го смени името, сега е „Ваксзеврија“

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ ја преименуваше својата вакцина против корона вирус и сега е наречена „Ваксзеврија“.

Во соопштението, компанијата посочува дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да се запознаат со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име на вакцината, кое веќе се најде на официјалната веб-страница на Агенцијата.

Денеска беше сменето и на официјалната веб-страница на ЕМА.

ЕМА дојде до „јасен научен заклучок“ дека вакцината „Астра Зенека“ е „безбедна вакцина, чија ефикасност во спречување на Ковид-19 е далеку поголема од потенцијалните ризици“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира