АХВ со соопштение: Ако ги купивте овие сладоледи вратете ги или уништете ги, се повлекуваат од македонскиот пазар


Oператорот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:

  1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл

Сериски број/лот: PL1048

Рок на употреба: до 28.02.2023

Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло: Франција

2. Сладолед  Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл

Сериски број/лот: MI1118,MI1119

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло: Полска

3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл

Сериски број/лот: MI1117

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување: небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло: Полска

Увозник во РСМ: АЛМА М

Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.

Од АХВ апелираат крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле  или да ги уништат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира