Бектеши: Околу 7.000 домаќинства ќе добијат владина помош за покривање на сметките за струја

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Голем е интересот кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Според министерот за економија Крешник Бектеши бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60 милиони денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства.

„Очекуваме дека денеска и утре во архивата на Министерството за економија да пристигнат уште 200 барања од барателите кои заклучно со вчерашниот ден преку пошта ги испратиле своите апликации. Со што сакам да заклучам дека имаме успешна реализација на оваа мерка“, кажа Бектеши.

Тој истакна дека финансиска поддршка ќе добијат лица со најниски примања во домаќинство во 2021 година, во соодветната категорија, која беше во склоп на Јавниот повик.

Како што информираше министерот согласно оваа мерка предвидено е да се покријат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата за ниски приходи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира