Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 48,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поевтини за 1,5 денар на изнесува 50,5 денари за литар.

 

 

Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари на 46 и 35 денари за литар.

 

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари и ќе изнесува 18,891 денари за килограм.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци