БиБиСи со над 100.000 жалби од гледачите за прекин на редовната програма поради смртта на принц Филип

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


БиБиСи во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред откако беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст.

Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу „MasterChef“ беа  заменети со вести, додека програмата на каналот БиБиСи 4 беше целосно прекината.

Заради тоа, пристигнале огромен број на поплаки. БиБиСи одби да го потврди бројот на поплаки засега, но се претпоставува дека се над 100 илјади. Деталите за поплаките официјално ќе бидат објавени во четврток.

Оваа бројка на поплаки може да се смета за најголем број на поплаки во историјата на  медиумската куќа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми