26 годишниот сопруг и татко Виктор Николоски од Прилеп во јануари 2025 година, ја обедини цела Македонија откако му беше дијагностицирана тешка болест – тумор на главата. Благодарение на хуманоста на многу луѓе, средствата за операцијата беа обезбедени, а Виктор замина на лекување во Турција. Тој ја помина операцијата, хемотерапиите и сите тешки моменти кои следуваа, борејќи се со една единствена желба – да остане покрај своето семејство и да го гледа растењето на своето дете.
Но, по годинава и половина туморот се врати и Виктор повторно се бори за живот. Сега сите сме одново потребни кој колку може.
„Откако преживеа операции и хемотерапии и не се предаде кога најмногу болеше, мојот 27-годишен сопруг сега повторно е фрлен во битка на живот и смрт.Кога ќе го погледнам нашето детенце од година и пол, кое штотуку почна да ги кажува првите зборови, срцето ми се крши од страв дека ќе остане без татко и нема да го запамети. Во среда Виктор мора итно да биде опериран во Турција, но досегашната борба ни ја исцрпи последната сила и сите средства. Немаме со што да го платиме неговиот единствен спас. Потоа следуваат нови терапии, нови испитувања и уште една неизвесна борба. Како мајка која се бори нејзиното дете да не расте без татко, ве молам помогнете му на Виктор. Дајте му повторно шанса за живот“, напиша неговата сопруга.
За донација КЛИКНЕТЕ ТУКА: