Битиќи за 45те возила на Влада: Поевтин е лизинг отколку да купиш возило и да го амортизираш и да не знаеш што да правиш со железото


Оперативниот лизинг е стандардна форма во целиот развиен свет во која одржуваш добар возен парк, кој овозможува сигурност, и секогаш е поевтин отколку да купиш возило и да го амортизираш и понатаму да не знаеш што да правиш  со железото кое ќе остане, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Правевме одредени анализи кои укажуваат дека товарот на евентуалното купување и одржување на возило е речиси двојно поголем отколку оперативен лизинг. Лично сум еден од корисниците на лизинг во изминатите 12 години, но има разлика кај физички и правни лица. Поволностите за правните лица се многу поголеми, се борам и сум се борел во минатото и за физичките лица да бидат исти“, изјави Битиќи во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.

Кога јас лично носам одлука за мене и за мојот личен буџет, посочи, се водам од принципите на ефикасност на средствата кои ги трошам, мојата безбедност и безбедноста на моето семејство затоа што тоа е најбитно, а се друго ќе се надомести.

„Сметам дека таквите параметри и сега беа водечки во одлуката Владата да набави нови возила преку оперативен лизинг“, рече Битиќи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира