Битиќи: Од задутре нема повеќе гарантирани цени, но секое нелогично поскапување ќе биде санкционирано

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Сепак, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување цените на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.

„Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, кажа Битиќи.

Тој оценува дека конечно, лекцијата кај трговците е научена.

„Ние сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен правење на бизнис и креирање на профит мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која што соодветсвува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носењето на Законот за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме“, кажа Битиќи.

Според него, конечно е дојдено времето секоја една институција соодветно да реагира.

„Не можеме да бараме одговорност од тие што не се повикани. Комисијата за заштита од конкурентност како и Здружението за заштита на потрошувачите се најповиканите кои треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Секако ние како Влада дадодвме еден предлог, тој е во собраниска процедура а тоа е законот за нефер трговски практики кој не знам зошто не е изгласан“, истакна вицепремиерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира