Mакедонскиот рубин е заштитен, следен е мермерот – природното богатство од Прилеп станува национално

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека е пристигнато решение со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски полускапоцен камен. Таа истакна дека со тоа е завршен процесот на негова заштита и се заблагодари на Геолошкиот завод за соработката.

„Го заштитивме македонскиот рубин. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер“, изјави Божиновска на брифинг со новинарите.

Македонскиот рубин, кој се вади во околината на Прилеп и во планините на Мариово, е корунд со карактеристична малиново-розева боја, создадена поради присуството на хром во кристалната структура. Се смета за единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално, а има и голема естетска, колекционерска и културна вредност.

Активностите за негова заштита започнаа во септември 2025 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира