Бочварски: Трасата на патот Кичево – Охрид не е промашена

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски во вчерашното гостување на емисијата „24 Анализа“ изјави дека трасата на патот Кичево – Охрид сепак не била промашена, како што претходно тврдеше владеачката партија.

 

„Од друга страна за Кичево Охрид, да се согласувам дека не била промашена трасата, можеби тоа е терминологија која што се употребуваше не од СДСМ, туку и од граѓаните и од медиумите и можеби била превземена од некои од СДСМ“, изјави Бочварски.

 

Инаку претходно владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. Премиерот Зоран Заев на неколку наврати па дури и лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци