Британскиот сој на коронавирусот бил детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје кај 46-годишен маж, кој е веќе оздравен. Вирусот бил детектиран во болницата при анализа на примероци од јануари.
„Во лабораторијата во болницата ‘Жан Митрев’ со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до нас, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на ковид-19“, велат од Министерството за здравство.
Новиот сој на коронавирусот прво се забележа во Велика Британија и се покажа дека побрзо се шири, но здравствените власти уверуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и против мутациите.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)