Бројот на првачиња за новата учебна година која треба да стартува утре во Општина Кривогаштани изнесува 34 или за две првачиња помалку од лани. 22 првачиња има во централното училиште ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани, а 12 ученици се во ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани.
Со процесот на оптимизација во образованието во ООУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани учебната година ќе започне со 3 наставници помалку, односно на 3 наставници нема да им бидат продолжени Договорите за вработување.
Со овој процес нема да се затвори ниту едно училиште во Општината, но намалени се 3 паралелки. Една во подрачното училиште во с. Врбјани и една паралелка од 6 одделение во Централното училиште, а се укинува и една паралелка од 6 одделение во централното училиште „Јонче Смугрески“ во Обршани .