Бумбароски: Неопходно просветлување на просветителите

 

 

Одделенскиот наставник игра важна улога во заедницата, од давање знаење до зачувување на благосостојбата на децата, инспирирање на критичка мисла и морални вредности. Тој најчесто е страствена и посветена индивидуа со силна желба за доживотно учење. Затоа, со секое потценување и обезвреднување на одделенските наставници, всушност се обезвреднува и удира врз ТЕМЕЛОТ на образовниот процес.

 

Во последно време сведоци сме на многубројните омаловажувања на наставничката професија. Како тоа да беше малку па по објавувањето на новата сомнителна концепција/реформа за основно образование од страна на МОН, тие омаловажувања се засилија, посебно кон одделенските наставници.

 

Ме изненади и користењето на мноштво навреди на дел од предметните наставници со потценувачки тон насочени против сопствените колеги и пријатели, одделенските наставници.

Не само што не доликува…
Не само што НИШТО не се постигнува со користење на навредлив и понижувачки вокабулар…
Туку тоа е сосема спротивно од професијата УЧИТЕЛ, почитувани колеги.

 

Повеќе од колумната на одделенскиот наставник Гоце Бумбароски може да прочитате на Деца.мк

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира