„Ветување“ – изложба на Маја Ралева Миладиновски во Ликовната галерија во Цепенков

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Ветување“ е дванаесета изложба на Маја Ралева Миладиновски што ќе биде отворена на 21 ноември 2024, четврток во 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Изложбата е работена од 2016 со мали надополнувања во 2022 година, при што се создадени 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15 слики на картон, сите се поделени на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика.

„Насловот „ВЕТУВАЊЕ“ го дадов затоа што изложбата е ветена на еден голем човек, правник, учител и подржувач на уметноста, археологијата, културното наследство и културата воопшто во Македонија. Неговото име е Јован Ристов, човек кој цел живот го посвети на заштитата, културносто наследство и голем љубител на уметноста и уметниците генерации наназад. „Ветување“ е приказна од пред деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски фотмат, преточена во сликарска инсталација која се состои од пет  големи платна на кои се поставени мал формат на сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање. Преку разлеаниот спектар на бои и енергија, балансирано и внимателно раскажувам преку својот автентичен ракопис приказна која е секогаш надополнета и никогаш досадна, со порака испратена пронајди си повод да прославиш, сподели љубов, сподели радост, тага, сподели ги своите емоции на платно за да имаш непосреден другар за плачење, радување, викање, во секој случај да има содржина“, вели авторката Маја Р. Миладиновски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира