Околу 13.30 часот настанал пожар во близина на селото Чаниште оддалечено 35 км. од Прилеп. Пожарникарите веднаш тргнале кон селото, но во моментот кога стигнале пожарот започнал да навлегува во првите куќи.
„Пожарот навлегол во селото од различни правци што најверојатно значи дека е подметнат. Бидејќи линијата на огнот била доста долга. Има зафатено неколку стари и напуштени куќи од огнот и можно е да е зафатена една куќа каде живеат возрасни луѓе. Добро е тоа што нема повредени лица, ниту пожарникари. Итно го упатив тимот за брз одговор на ДЗС како и 20-тиана членови на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола се веќе во селото и помагаат за спречување на пожарот во селото“, вели директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Дополнително ќе се утврдувало како ќе се гаси пожарот бидејќи истиоѕ се ширел во 3 различни правци надвор од селото.