ВИДЕО: Андонова ја промовираше Македонија пред милионите симпатизери на Барселона пред целиот свет

Facebook
Twitter
Email
Print

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова со успех го носи дресот на Барселона откако пристигна од редовите на уште еден гигант, ПСЖ.

 

Каталонците се воодушевени од игрите на нашата интернационалка која пред неколку кола даде гол и дирекно од корнер.

 

Барселона во чест на Андонова, направи специјален видо -прилог во кој Андонова говори за нашата држава Македонија и убавините кои ги има.

 

 

Фудбалерката на Барселона го опишува главниот град Скопје, нејзиното родно место Неготино, како и Охрид како туристичка атракција.

 

Исто така нашата фудбалерка зборуваше за традиционалната храна, како и културата на нашиот народ, фолклорот и слично.

 

Најдобрата македонска фудбалерка со ова на најубав начин ја промовираше земјава пред милионите навивачи на Барселона, не само во Каталонија, туку и низ целиот свет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци