ВИДЕО – Апасиев: Автопатите се коридор Илирида, проект на ДУИ како главна партија во Владата, СДСМ се само приврзок

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Заедно со ВМРО имавме 1113 амандмани за Бехтел и Енка, од кои ние 1111, а ВМРО 2, така што ситуацијата таму не е сјајна, мислам дека тој е практично коридор Илирида, затоа што сите инвестиции одат во Западна Македонија, нема ништо за Источна Македонија и мислам дека тоа е проект на ДУИ кој тие како главна партија во Владата си го остваруваат, СДСМ е само приврзок и очигледно тоа им е намерата, изјави вечерва во Прилеп, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Првиот закон кој успеваме веќе втора недела да го закочиме е Законот за работни односи со кој се предвидува 60 часовна работна недела, односно 12 часа на ден да се работи како во почетоците на капитализмот, во првобитната акомулација на капиталот.

Се уште успеваме да го блокираме, првично со филибастер, амандмански, а во второ полувреме би го блокирале и со зборување, меѓутоа власта ретерираше, се плашат да го стават на дневен ред затоа што знаат што ги чека. Мислам дека нема да се осмелат да го стават, но и да го стават ќе го блокираме со зборување, така што тој закон нема да види бел ден.

Меѓутоа има уште еден кој го повлекоа, значи има уште 6 закони кои се во процедура и мислам дека комисиите кои ги раководат кадри од ДПМНЕ можат да го спречат, како што досега спречувале десетици закони, но ќе го видиме договорот, затоа што се шпекулира дека и вмровски фирми ќе учествуваат во изградбата, така што интересот за блокада не е толку голем кај ДПМНЕ, се гледа и во бројот на амандмани.

Но ние остануваме се што е штетно да го блокираме и ќе видиме до каде ќе одат, значи ова е шаховска партија, тие влечат потег, ние влечеме потег и ќе видиме до каде ќе одиме. Сега за сега благодарени на нашите амандмани веќе втора недела Законот за работни односи е блокиран“, изјави Апасиев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци