ВИДЕО – Безживотно тело на 80 годишeн прилепчанец изгризано од свињи пронајдено на неговата фарма

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Безживотното тело на 80 годишниот прилепчанец Б.Т. утринава околу 11 часот било пронајдено изгризано од свињи на неговата фарма која се наоѓа на излезот на Прилеп, по стариот пат за Битола. Телото го пронашол неговиот син, кој веднаш повикал полиција и Итна помош.

Од Итната помош истакнаа дека веднаш нивна екипа пристигнала на лице место. Д-р Софија Ристевска телефонски ни изјави дека кога пристигнале на фармата немало веднаш услови да се пристапат до телото затоа што свињите растрчувале низ дворот, а дел од нив се уште го гризеле починатото тело. Откако биле затворени во дел од фармата лекарите констатирале смрт бидејќи поголем дел од телото веќе било изедено, односно десното стапало, делови од главата и имало голема отворена рана на градниот кош.

Според првичните и неофицијални информации телото на сега починатиот го пронашол неговиот син кој според првичниот исказ последен пат контакт со својот татко имал пред една недела, минатата среда. Последен пат жив сега починатиот бил виден во понеделникот од страна на соседите. Соседите велат дека свињите кои тој ги чувал често пати знаеле да бидат агресивни и да излегуваат од оградениот простор на фармата.

На лице место пристигнале и екипи од ОВР Прилеп кои заедно со Јавен обвинител од Прилеп направиле увид на лице место. Според Јавниот обвинител Лидија Салатоска за утврдување на точните причини на смртта телото на сега починатиот е дадено на обдукција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира