ВИДЕО- Витаминка 70 години раскажува низ AI-приказна што патува низ времето

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Јубилејниот спот „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“ носи емотивно патување низ најпрепознатливите вкусови и моменти од историјата на брендот и производите што оставија трага кај многу генерации.

По повод својот 70-годишен јубилеј, Витаминка ја претстави рекламата „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“, целосно создадена со вештачка интелигенција. AI рекламата е инспиративна приказна што на емотивен и современ начин го оживува богатото наследство на компанијата, а сепак конципирана и продуцирана со помош на вештачката интелигенција. По својата обемност, продукциска сложеност и креативна изведба поставува нови стандарди во домашната маркетинг-комуникација.

Приказната во рекламата е времеплов низ светот на Витаминка, емотивно навраќање на најзначајните моменти од нејзината историја, претставени преку најпознатите и најомилените вкусови на брендот. Од првиот производ „Мелената алова пипер“ од 1956 година, преку Стоби Флипс и Дафинка, до Цевитана, чоколадите Синтагма и Happy, Frutti Jaffa меките бисквити и Cake up колачите, производите што стигнаа до повеќе од 30 земји во светот, рекламата го оживува наследството на Витаминка на современ и технолошки иновативен начин.  Содржи голем број кадри, секој со внимателно осмислени визуелни светови, посебни карактери, различни амбиенти и прецизно интегрирани пресвртни моменти, што ја прави оваа реклама исклучително комплексен и продукциски голем потфат.

Рекламата се издвојува и по начинот на кој технологијата е употребена за да се изгради богата, емотивна и визуелно слоевита приказна. Секоја сцена е обликувана со сопствена естетика, атмосфера и наративна функција, со цел автентично да се долови духот на различните декади низ кои се развива Витаминка.

Рекламниот спот е дело на тимот на Дивижн маркетинг и адвертајзинг, кој ја разви како носечки елемент на кампањата за големиот јубилеј на Витаминка.

Со овој проект, Витаминка уште еднаш потврдува дека е бренд што успешно ја спојува традицијата со иднината. Рекламата не е само одбележување на 70-годишниот јубилеј, туку и јасна порака дека Витаминка и понатаму ќе продолжи да создава нови вкусови, нови приказни и нови светови за своите потрошувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци