Годинава поради пандемијата без пригодна музичка програма и други организирани настани, само со положување на цвеќе на неговиот гроб денеска во Крушево беше одбележан 40-тиот роденден на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Tрадиционално за сите посетители пак се делеше и торта. Имаше дојдено негови фанови и почиитувачи, како од Македонија така и од странство. Фановите велат дека една личност живее толку колку што таа ќе се споменува, а Тоше имал само датум на раѓање и ќе живеел вечно.
„Ваква величина не се раѓа секкој ден. Вие во Македонија навистина може да бидете горди што сте го имале него. Но тој е светски, не е само ваш, тој е поголем од Крушево, од Македонија од целиот свет. Вакво нешто не се повторува“, вели Прислан Фуис, фан на Тоше од Хрватска.
„Тоше е вечен, ќе живее толку колку што ние ќе го споменуваме и ќе го носиме во нашите срца, а тоа ќе биде засекогаш“, вели Наум Капрически, фан на Тоше од Скопје.
„Многу ми е жал еве и сега треперам ккога го какжувам ова, имав прилика да бидам тука ии на неговиот погреб и сиите овие години кога сме во Крушево овој ден не го заборавам, доаѓам“, вели Јован Илиоски, посетител од Скопје.
Во октомври лани беше промовирано и неговото ново вечно почивалиште, кое за жал се уште треба да се доуреди за да добие технички прием.
„Има уште некои ситници кои треба да се надминат, објектот е во глобала веќе направен, карабината е направена. Ние тука сме и како надзор, се додека не се направи достоинствено спомен обележје како што заслужуваше нашата поп икона“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
И во време на пандемија минатата година неговиот Спомен дом го посетиле околу 15.000 туристи. Тој е ден од најпосетуваните музеи на Балканот кого досега од 2011 до денес го посетиле околу 650.000 гости.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)