ВИДЕО- Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

За прв пат во Преспа се одржа трката насловена „Prespa run and fun“ на која што учесници имаа можност да трчаат на 5 и до 10 км. од Претор до Крани и назад. Стотици љубители на трчањето, професионалци и аматери од цела Македонија се приклучија на овој настан, кој освен спортскиот дел имаше завршен дел од ќе трае преку целиот ден богата музичка програма со диџеи и познати артисти, ладни пијалоци, вкусна храна, водни активности како кајакарење и SUP даски, јога на отворено, релакс зони.

Преспа е реон кој е малку запоставен и треба малку да се даде акцент дека има прекрасна убавина, недопрена убавина која треба да се покаже, езеро, две планини Баба и Галичица, 2 национални паркови. Убавината на Преспа пред се да се покаже и да се види дека ретко која природа во Македонија овозможува ваков вид на убавина“, рече Стефан Василевски, директор на трката.

 

Очекуваме брза трка, доста од тркачите тука се во елитата на македонската атлетика, се надеваме дека ќе видиме резултат на 5 километри под 16 минути и на 10 километри под 32 минути“, вели Игор Јакимоски, дел од организацијата на настанот.

Имаше учесници од сите возрасти, од најмлади па се до постарата генерација љубители на овој спорт.

Јас сум Бале Брзи ако не знаете, 73 години и трчам 10ка 44 минути, луѓево, конкуренцијава се плаши, вика штом дојдеш ти нема проблем“, рече Благоја Ацкоски – Бале брзи, учесник на трката.

 

Јас сум битолчанец, супер е, заразен сум во трчањето, полека, но со љубов. Има трчање, алал да им е, добро е организирано, се е одлично“, додаде Ристо Акимоски, учесник на трката.

Освен од Македонија, учесници имаше и од други европски држави кои престојуваат тука кај свои пријатели.

Јас сум од Португалија, живеам во Будимпешта, имаме пријател од тука кој се вика Петар и ние уживаме во местото, многу е добро и сме возбудени“, вели еден од учесниците.

 

Јас сум од Украина и навистина уживам во Преспа, го посетивме Голем Град, уште едно одлично место и јас сум многу возбуден што ќе трчам денес“, додаде неговиот пријател.

 

Јас сум од Унгарија, заедно сум со момците и Преспа навистина е преубава“, исткна трет учесник во трката.

 

Возбуден сум што сум тука, ќе биде одлична трка со групата, така што ајде да почнеме и да победиме, вели еден од учесниците.

Трката е поддржана од проектот „ЕУ за Преспа“, а организаторите се надеваат дека „Prespa run and fun“ ќе прерасне во традиционален настан, а можеби и во поголем неколку дневен аутдор фестивал кој ќе ги промовира убавините на овој крај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци