ВИДЕО- Во Прилеп нападнати командирот и уште еден пожарникар на ТППЕ Прилеп – Ангелов: никој нема право да напаѓа пожарникари

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Вчера при гаснењето на пожарот кај месноста Кронејца кај Прилеп во кој изгоре поголема количина на тутун на семејството Богески, дошло до физичка пресметка помеѓу екипите на ТППЕ Прилеп и сопствениот на имотот Горан Богески. Нападнати се командирот на ТППЕ Прилеп Виктор Стојчески и уште едена пожарникар. Според изјавите на сопственикот инцидентот се случил бидејќи пожарната пристигнала со возило со мал капациетет, а според пожарникарите нападот дошол без никаква причина, дури биле и спречувани во обидот да гаснат.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, денеска потенцираше дека случајот е пријавен во полиција и по него се постапува. Апелираше до граѓаните дека никој нема право да ги напаѓа пожарникарите, кои како што рече, иако се премногу храбри, не се супермени.

Ангелов додаде дека во една ваква ситуација каде само вчера имало 40 поголеми пожари на отворено во државава ресурсите од пожарникари се ограничени и екипите на ТППЕ не можат физички да бидат на повеќе места, затоа ги повика граѓаните наместо да ги одмогнуваат и да ги попречуваат екипите и тие да помагаат доколку забележат оган.

„Од страна на пожарникарите инцидентот денес е пријавен во полиција. Полицијата работи на негово расветлување. Апелирам до сите граѓани да имаат во предвид дека пожарникарите не се супермени. Тие можеби се  храбри или пожртвувани, но не се супермени. И не можат за минута да стигнат до секоја позиција каде гори. Потребно е време да се качат во возилата, да ги запалат и да возат до таму каде има пожар, а за тоа се потребни понекогаш 10-тина минути, а понекогаш и многу повеќе. При тоа граѓаните треба да имаат во предвид дека во секој момент постои опасност, односно можност во исто време да има повеќе пожари на таа територија која ја покриваат локалните пожарникари и нивните екипи да се расфрлани на различни места и затоа понекогаш во нивниот почетен одговор да дојдат помалку пожарникари отколку што граѓаните тоа го очекуваат. Токму затоа и ги повикуваме граѓаните таму каде што можат да помагаат на пожарникарите, а не истите да ги напаѓаат, да ги навредуваат и да им се закануваат. Јас го разбирам револтот на граѓанинот кој што претрпел голема загуба бидејќи изгорела неговата штала каде била сместена поголема количина на тутун, но неговото однесување не помогнало да се надмине ситуацијата, можеби ако не дејствувал нервозно можеби штетата ќе била помала“, истакна Ангелов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци