ВИДЕО- Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата


„Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“ беше насловот на настанот кој што се одржа во Прилеп, а со кој се одбележува месецот на Франкофонијата кај нас. Учество во ова одбележување зедоа над 200 ученици од 10 основни и средни училишта од општините Прилеп, Битола и Кривогаштани. Целта на ова организација е преку јазикот да се направи зближување на различните култури и етникуми.

„Мора да признаеме дека интересот за изучување на францускиот јазик е намален, но тоа се должи пред се на европските и глобалните економски движења и политики, што не значи дека не постои се уште интерес за изучување на јазикот“, истакна Весна Трајческа, професорка по француски јазик.

 

„Сметам дека со вакви настани, со популаризација на францускиот јазик и култура ние како општина Прилеп покажуваме дека сме отворена општина, дека сакаме да соработуваме со земјите од ЕУ, особено со оние кои важат за добри дипломатии, кои важат за пишувачи во Европа на таа современа историја“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

И францускиот амбасадор во Македонија кој беше присутен на настанот истакна дека со Општина Прилеп разговарале за поголема популаризација на францускиот јазик, како и соработка на повеќе полиња.

„И секако при оваа наша поддршка нашиот дух на соработка не е да го наметнеме францускиот јазик, туку да покажеме дека е добро да се изучуваат колку што е можно повеќе странски јазици бидејќи тоа придонесува за мулти јазичност и мултикултурализам. Додека во однос на оваа манифестација денес би сакал да ја поздравам оваа иницијатива и да се заблагодарам на наставниците по француски јазик и општина Прилеп“, потенцираше Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија.

Беше потенцирано тоа дека сите горди што Прилеп е дел од оваа убава успешна приказна која ги поврзува луѓето преку јазикот, културата, пријателството и вредностите што не обединуваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира